Добредојдовте во Балканската Коалиција на Жени B-WCo
Идејата на проектот "Балканската Коалиција на Жени за професионална квалификација и тренинг во полето на еконoмијата и бизнис науките” е израсната и развиена од партнерските организации од Грција, Романија, Хрватска, ПЈРМ, Србија, Албанија и Бугарија. Овие организации соработуваат на повеќе проекти кои се фокусирани на едукација. Целта на овој проект е создавање на стабилна и мултинационална мрежа на институции и организации од Балканскиот регион, со цел да се развијат квалификации и да се организираат семинари кои ќе им помогнат на жените во полето на развивање на бизнисите. Главната цел на проектот е да се креира мрежа со цел да се поддржи меѓуграничното партнерство меѓу образовните институции и економскиот и социјален развој базиран на заеднички ресурси. Промоцијата на еднакви можности, новите едукациски нивоа и понатамошни квалификации се базирани на организација на семинари и предавања. Промоција на женскиот придонес во истражувањето, иновацијата и сознанието се некои од принципите кои ќе бидат следени во имплементацијата на целите.
Од друга страна, невработените жени претставуваат одприлика половина од невработената популација во регионот опфатен со овој проект, но со големи диспаритети на регионално ниво, преку кој се одразува силна варијација во интеграцијата на жената на на пазарот на труд.
Front Page Translation
Click on the flags below to see the translation of the Front Page of our website!